[Мин. за Образование]Сработено за Март 2011 - Април 2011

Day 1,235, 14:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Добро вечер, драги еМакедонци

Овој месец беше далеку најуспешен во еМакедонската историја. Успеавме, заедно со еСловенија, да ја избришеме еИталија од мапата. Но истото неможе да се каже и за работењето на ова Министерство. Лично мое мислење е дека не успеавме да “му се фатиме ни на малото прсте“ на ФениксМК, кој одлично работеше во претходниот месец.

Со работа ова министерство почна на 8ми Април, но ништо непочна сериозно се до првиот состанок, кој беше три пати одложуван. Подоцна имаше разни проблеми со тимот, што мислам дека е најголемата причина зошто ова Министерство не работеше со полна пареа.

Сега нешто за тимот.

STEFANPIPO. За мене нема ништо, да кажувам, нека кажат другите што направив.

Royalexe. Присуствуваше на состанок оти мислев дека го направив одличниот избор, но после овој состанок нему видов ни трага ни глас.

NightWolfMK. Еден од најпостојаните во ова Министерство си ја изврши својата работа.

TosheMK. Уште од почетокот се откажа, но зошто? Затоа што го замолив да напише едед тутроијал, а тој рече дека не сакал да му се наредува и се откажа.

Panche Isajeski. Не учествуваше на состанокот. Подоцна кога го замолував да напише велеше дека нема време и ќе напишeл утре, но неговото утре никако не дојде.

PhoenixMK. Учествуваше на состанокот, каде што даде многу идеа за туторијали и работа. Главен рецензент, одлично сработено.

Cyril of Macedon. Не учествуваше на состанокот, но константно беше активен во Министерството, реобјави еден туторијал и направи неколку рецензи.

Сега за главниот дел на овој отчет:

1. Објавување на 10 туторијали

- Голем дел од темите за туторијалите беа исцрепени во претходниот мандат, ние успеавме да најдеме уште неколку и успеавме да стигнеме до бројот на 8 објавени туторијали.

STEFANPIPO

- Објаснување и совети за новите мисии во еRepublik
- Најновите промени во еРепублика околу Вашиот инвентар
- Дефанзивни системи и болници, каде има во Македонија, приоритет на битки
- Пенализација - Казнени Поени (Forfeit Points)
- Министерствата во еМакедонија и државни организации

NightWolfMK

- Објаснување на ресурсите во еРепублика
- Болници во еРепублик и нивно користење

Cyril of Macedon

- Туторијал за Новинарство

2. Праќање на 500 Приватни Пораки до нови играчи

- Овде одлично си ја сработивме работата, затоа што тоа го направивме таман, 500 пратени пораки од 500.

3. Зголемување на бројот на претплатници на 3000

- Овде потфрливме најмногу, затоа што го зголемивме за 200 претплатници, со што стигнавме до 2800, но не и до очекуваните 3000. Ова главно се должи на малиот број туторијали и малиот одѕив на пратените пораки.


Тоа беше се што ветивме, но не исполнивме се, сепак, луѓе сме, грешки правиме. 🙂

Сега му оставам на новата влада од МНФ, односно Bojan Almighty и smexor1, да ја поправат ситуацијата во ова министерство.

Што се однесува на личен план, сега ќе преминам во фаза на апстиненција, односно ќе бидам двокликаш, со исклучок што ќе мавам по битки по наредба на претпоставените во АРМ. Што се однесува до политиката, ќе ја баталам, се надевам на подолго време
.

Искрено ваш, STEFANPIPO