Ден 1282, крај за државните воени единици?!? [lazarosaMKD]

Day 1,278, 02:05 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Судејќи по одговорот кој го добив на мојот тикет до Плато, денот 1282 ќе значи крај за државните воени единици?!
Прашањето ми беше дали од државните организации ќе се дозволи купување на дополнителен простор за да се прошират магацините и одговорот им беше "No organizations will be allowed to purchase or build storages."

1000 места се премалку за да можат да работаат државните воени фирми а дополнителен простор не може да се купи. Останува да видиме што ќе донесе денот 1282 но ваквиот одговор не остава простор за некој оптимизам.

Членови на АРМ и сите граѓани кои сакате да помогнете, праќајте тикети ако може нешто да се промени, време има уште само 3-4 денови.
Како што дозволија во државните орг да може да има прилив поголем од 10 златници/дневно така можеби и за ова ќе ја сменат одлуката.

За секој случај ако ништо не испадне резервна варијанта би била преоѓање во паравоени единици зошто греота би било 3 оформени единици со војници и команден кадар да се расформираат.