[Мин.За Образование]Што значи Паравоена единица, а што претставува РЕФУНД

Day 1,365, 15:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Овој туторијал го посветуваме на паравоените единици и нивното значење, како и значењето на поимот „рефунд“. Пред се, сакам да изразам голема благодарност до Ivan Vancho Makedonski кој многу ни помогна и ни го претстави неговото размислување во поглед на темава. 🙂


Што е тоа паравоена единица?

- Во еРепублик термини една паравоена единица најкратко може да се опише како група на играчи кои се организираат во една неформална (а со воведувањето на MU и формална) групација која во свој посед има одредена инфраструктура, фирми и организации со кои раководат луѓе (или само еден човек) одбрани од мнозинството на членови на таа групација, а се со цел поактивно дружење, забава, заедничко удирање и докажување пред другите такви групации и секако помагање на својата земја и алијансата во воените походи. Секако дека постојат уште многу други дефинирања на овие воени единици но ова е она најосновно.

- Принципиелни разлики помеѓу овие паравоени единици и единиците кои се дел од државната војска се начинот на финансирање, изборот на команден тим, обврзаноста да ги почитуваат наредбите на Министерството за Одбрана, амблемите кои членовите ги носат и секако внатрешната структура и раководење со ресурсите. Секако дека постојат и разлики и помеѓу една и друга паравоена формација и сето тоа е оставено на способностите на лидерите на овие единица за менаџирање на група на гејмери.
- По дефиницијата на терминот паравоена, од оваа единица се подразбира дека функционира независно и не подлегнува на наредбите на МОД освен во случаи кога таа е најмена за да учествува во некоа воена акција. Тогаш е должна да се однесува според наредбите кои доаѓаат од тие кои што плаќаат за таа услуга. Со најгруб збор паравоените формации претставуваат група на платеници кои одработуваат за одреден надоместок за својата држава, алијансата или пак во некои случаи за сосема трета држава. Секако ова не важи за сите паравоени единици, има меѓу нив и некои што исклучиво се борат по наредбите дури и ништо за тоа да не добијат и војуваат за својата држава и алијанса без разлика дали некој нешто за тоа ќе им надомести.



Како обично доаѓа до формирање на паравоени единици во еРепублик?

Најчесто тоа се случува кога група на луѓе, кои може но и немора лично да се познаваа, одлучува да си ја направи играта поинтересна и прават организирана група на играчи кои носат исти воени обележја, настапуваат организирано во битките и пред се заеднички придонесуваат за формирањето и развојот на инфраструктурата и ресурсите на таа единица. Не ретко се случувало и цели државни единици поради некои несогласувања со државното раководство да одлучат на своја рака да прејдат во паравоени понекогаш дури конфискувајќи ја претходно добиената инфраструктура од државата. Еден таков пример е една од најпознатите Српски па дури и во Светски рамки, паравоената формација Front of Heroes која настана по распаѓањето на државната единица Тигрови (Тигри).

- Појавувањето на паравоени единици во еРепублик започнува многу пред еМакедонија да биде додадена на мапата. Да бидам искрен незнам која е најстара единица формирана. Знам дека единицата на која јас едно време бев член е секако една од најстарите со преку две години постоење, а тоа е интернационалната елитна паравоена единица White Eagles.
- Во еМакедонија паравоените единици се појавуваат уште на самиот почеток. Поголемиот дел од нив и до ден денешен постојат и функционираат, дел се распаднале или се претопиле во некоја друга, а сведоци сме и дека скоро секој ден се појава некоја нова паравоена единица. Оваа следи како последица на големиот број на активно население и потребата овие луѓе на некој начин организирано да дејствуваат и пред се да се забавуваат. Од особена важност за една еЗемја на воен план е да има голем број на активни војници било да се тоа државни или паравоени единици. Секако дека подобро би било поголем процент да припаѓа на државните единици кои се под директна команда на МоД, но во некои случаи низ историјата се покажало дека добро организирани и послушни паравоени можат исто така да бидат ефективни и од голема помош за државата.
- На времето кога во оваа игра постоеше терминот економија, најдобри и најсилни паравоени беа оние кои што ќе си изградеа систем на самоодржливост, односно економски добро поставени организации кои би можеле да функционираат без ничива помош. Во одредени случаи имавме и такви организации кои бе посилни дури и од половината држави на еРепублик. Таков пример се Лазократите кои со својата организациска, воена и пред се економска моќ претставуваа држава во држава. Но во денешно време, поточно еВреме, ваков начин на функционирање е просто невозможен, односно без да се купи голд со РЛ пари тешко се одржува една единица во напредок, а доколку пак не се купува следува назадување на членовите. Нејсе од тука преоѓаме на жешкиот костен во еМакедонското општество, а тоа е терминот и институцијата РЕФУНД 🙂
* Да напоменам дека текстов е чисто мое мислење базирано на искуствата од минатото...



Значи самиот збор како збор значи да добиеш поврат на материјални средства, дали целосно дали делумично, после извршувањето на некоја услуга. Значи откако ти ќе се покажеш на мегдан, државата ќе ти врати целокупните средства или дел од потрошени средства. Ова е прашање на договор и најчесто договарањето е пред да се побара услугута. Во еРеп термини ова значи, одредена држава има потреба од помош на военото поле. Се пријавуваат паравоени единици спремни да помогнат, удираат од сопствени залихи и на крајот од акцијата или наредниот ден добиваат РЕФУНДИРАЊЕ на средства онолку колку што е договорено. Е арно ама во овој луд економски систем каде што никој жив неможе да преживее да пука фул без да купува злато, се доаѓа до едно решение да се дели рефунд на дневна стандардна база, ондосно тоа не е веќе рефунд туку е ПРИПЕЈД, колку пари толку музика 🙂
Нели народните пари се тука за да се потрошат за заедничко добро. Ова е толку извитоперено и во РЛ и тука и секој си го толкува на свој начин. И нормално најмногу малверзации се појавуваат кога се во прашање државните средства и начинот на нивна распределба. Совршен модел за ова не постои да не се лажеме. Секогаш ќе постои некој незадоволен од тоа колку добил или пак зошто воопшто не добил.
- Значи да не се расплинувам многу многу, терминот рефунд кај нас погрешно се употребува. Рефунд беше она што неколку дена го воведе Аминта, според испорачана штета претходниот ден, наредниот земаш толку пари. Не можам да тврдам дека тоа би било добро решение бидејќи кратко траеше, и повторно се јавија многу незадоволни. Сега гледам некои пропагираат да се укине целосно рефундот, односно државните пари да не се даваат на редовна база туку само по потреба за јаки воени акции. Но како што гледате последниве неколку месеци скоро постојано имаме јаки воени акции против нашите мили ем драги јужни соседи 🙂
- Што и да се одлучи за понатаму мора да ни стане јасно дека кога еМакедонија не е загрозена воено МОРА да се штеди, и државата како држава да намали расходите и секој нејзин граѓанин кој сака да придонесе да си чува одредена залиха на леб/оружје/пари за кризни времиња.




Со почит,
Министерство за Образование на еМакедонија


Министер за Образование:
Viki MKD

Заменици:
Captain Igor
MKD Foreverrr

Знаењето е сила, знаењето е моќ!



За Shout: [Мин.За Образование]Што значи Паравоена единица, а што претставува РЕФУНД http://www.erepublik.com/en/article/-1-1843983/1/20