Корисно за секој новинар и за оние што оставаат коментар по весниците

Day 1,256, 06:58 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Казнени поени(FP)се наоѓаат на вашиот профил и покажуваат колку пати сте ги прекршиле правилата на игра.За нив се добива привремена суспензија или трајна забрана за користење на вашиот accaunt.

Добивање на казнени поени.
Кога граѓанинот ке ги прекрши законите на eRepublik,во зависност од тежината на прекршокот но и од постапките во минатото,е казнет.Ако прекршокот е помал и е направен за првпат,може да помине само со опомена.Но ако граѓанинот и порано ги правел истите грешки или ги прави често,може да добие и трајна суспензија.Паралелно со суспензиите и предупредувањата,се додаваат и казнени поени на профилот.


Penalty name____потребни FP_____можност за жалба


1 ПРВА ОПОМЕНА______0 FP_______________НЕ
2 ВТОРА ОПОМЕНА_____1 FP_______________НЕ
3 ТРЕТА ОПОМЕНА_____2 FP_______________НЕ
4 БЛОКИРАЊЕ 6h______3 FP_______________НЕ
5 БЛОКИРАЊЕ 12h_____4 FP_______________НЕ
6 БЛОКИРАЊЕ 24h_____5 FP_______________НЕ
7 БЛОКИРАЊЕ 48h_____6 FP_______________ДА
8 БЛОКИРАЊЕ 72h_____7 FP_______________ДА
9 БЛОКИРАЊЕ 72h_____8 FP_______________ДА
10 БЛОКИРАЊЕ 72h____9 FP или___________ДА


Значи суспензиите се однесуваат на вашиот акаунт и тоа вклучува губење на можност за издавање на статија(привремено),се укинува привремено можноста за шаутирање итн...И нормално автоматско бришење на статијата,односно коментарот за кој сте добиле КП.

Секогаш кога се добиваат КП или привремена суспензија,граѓанонот добива и порака од ADMIN со објаснување кое правило е прекршено.

Можете да видите колку КП имате на вашиот профил,но не можете да видите колку КП имаат другите граѓани.

Ако сте добиле казнени поени,а сметате дека сте неправилно казнети имате право само на една жалба.Затоа искористете ја паметно.

ГУБЕЊЕ НА КП

Ако граѓанинот го задржи доброто поведение 2 месеци сметајки од денот кога ги добил КП,КП автоматски се губат.Ова не се однесува на трајно суспендираните граѓани.

Е сега како се добиваат тие казнени поени.
Просто и едноставно.Со рапортирање до АДМИНИТЕ.Ние им сме омилена мета на е-Бугарите.Имам чувство дека повеќе ги читаат нашите весници отколку нивните.Понатака може да ве рапортира вашиот брат е-Македонец(ТАКТИКА да му умре козата на комшијата).И нормално тоа е работа на МОДЕРАТОРИТЕ(а за Македонија стварно не знам кој е).Како и да е неблагодарна кодошка работа...


Се надевам дека оваа статија ќе е од помош на идните и сегашните новинари,а и за оние кои оставаат секакви коментари по весниците.Како и да е ќе ве боли само првите 2-3 пати(се мисли на првите 2-3 КП)а после ич нема да ви дреме 🙂.Тоа го зборам од искуство со 7 КП од кои 3 КП во еден ден за една иста статија.


П.С
Молам за ГЛАС и ПРЕТПЛАТА


МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА