[Министерство за Образование] Програма за преостанатиот дел од мандатот

Day 1,253, 15:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Почитувани читатели,

Изминатиов период беше еден од најтешките периоди од постоењето на еМакедонија, но за среќа тоа немаше поголем ефект на ова Министерство.Но сепак со новиот претседател доаѓа и новата влада и новите министери.Во оваа статија ќе ве запознаем со Тимот на Министерството на Образование исто така и со неговата програма.

Тимот на Министерството за Образование го сочинуваат :

Министер за Образование : thedragon
Заменик министер : StefanPipo , NightWolfMK
Стручен помошник и рецензер : PhoenixMK

Tим за одржување на чатот #NoviIgraci

1. Trte - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3954042
2. Facka - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3971681
3. Shakce - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3988787
4 Goxyto - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/902251

ПРОГРАМА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ:

1.ОЦМ

-Продолжување со работата на овој проект и целосно комплетирање на сите туторијали за оваа игра, исто така и едитирање и докомплетирање веќе постоечките туторијали.

2.Праќање на ПП до новите членови

-Исто така ќе ја продожиме и оваа работа на претходните министерства.Се надеваме дека и ќе ги надминеме во ова поле 😃

3. eРепублик Вики

-Ќе се формира и тим за целосно преведување на еРепублик Вики страниците на Македонски Јазик, до сега имаше неколку преведувачи но и тие се откажаа поради честите измени од страна на админите на ерепублик.Во овој тим би сакал за главен да го назначам Macedonian_Lion секако ако прифати и има време за оваа работа.

4.Канал на Министерството за Образование

-Ќе се формира официјален канал на ова Министерство на кое ќе може да дојдат сите играчи да прашаат за се што не им е јасно исто така може и да дадат предлог за некој туторијал или сл.

5.Индекс на Туторијали


Ќе се направи еден индекс на сите туторијали од ова Министерство кое ќе се објавува еднаш неделно како би можело новите играчи лесно да ги најдат потребните туторијали.


За кратко време ќе пробаме да ги завршиме овие точки од програмата на министерството за образование, но се разбира дека во рок од две недели тоа ќе биде многу тешко но тимот на министерството за образование ќе даде се од себе да се заврши навреме.

Со почит
thedragon Министер за Образование, Тимот на Министерството