[Министерство за Образование] Програма за овој мандат

Day 1,235, 00:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Драги читатели,

Изминатите претседателски избори донесоа промена на политичката сцена во еМакедонија. Со новиот претседател доаѓа и нов тим во Министерството за Образование. Ова министерство до сега добро ја извршувало работата и јас и мојот заменик ќе се потрудиме работата да продолжи со истиот интензитет. Како што претходните министри работеле пожртвувано во ова министерство ве уверувам дека и јас и мојот заменик ќе продолжиме со истиот интензитет и нема да дозволиме ова министерство ја изгуби намената.

Најпрво сакам да го претставам тимот кој овој мандат ќе работи во Министерството за Образование и кое ќе се грижи за новите играчи:

Министер за образование:Bojan Almighty
Заменик министер за образование:smexor1

Секако дека ние двајца нема да можеме сами да ја извршуваме функцијата па поради тоа ќе има и некои помошници во нашиот тим кои ќе ги дознаете во текот на наредните неколку денови.


ПРОГРАМА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ :

1. Туториали
Очигледно е дека периодот кој ни следи ќе биде доста активен на воен план и поради тоа верувам дека овој месец ќе имаме голем број на нови играчи, посебно поради војната со Бугарија. Туториали за голем број од темите кои се важни за тоа новите играчи да добијат претстава каква игра е еРепублик се веќе напишани па поради тоа целта на тимот на Министерството за Образование ќе биде усовршување на веќе постоечките туториали и пишување на нови доколку е потребно. Покрај пишување на нови и усовршување на старите туториали, наша цел ќе биде истите по нивното објавување да се најдат во ТОП 5 како и нивно почесто издавање доколку е потребно се со цел новите играчи да можат полесно да ги добијат основните информации.

2. Приватни пораки до новите играчи
Оваа мерка е неопходна ако сакаме бејби бумовите да бидат максимално успешни, а и туториалите да го постигнат целосниот ефект. За оваа задача заедно со министерот и заменик министерот ќе биде задолжен и посебен тим од 3-4 членови кои во зависност од бројот на нови играчи ќе мораат да праќаат определена бројка на приватни пораки до нив.

3. Зголемување на бројот на претплатници
Овој весник има доста претплатници, но нашата цел ќе биде да ја продолжиме акцијата на претходниот министер и да го зголемиме бројот на претплатници се со цел туториалите да ја достигнат максималната успешност и новите играчи да ја добиваат секоја информација излезена од министерството.

4. Продолжување на работата на #NoviIgraci
Како и до сега на овој канал може да дојдат сите оние на кои им треба помош и таму ќе бидат упатени од министерот или од заменикот.
Bojan Almighty - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4231323
smexor1 - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4295822


Се надевам дека според приложената програма работата на министерството ќе продолжи со истиот тек па дури и подобро и дека ќе имаме успешен мандат во кој ќе добиеме образувани играчи кои ќе и бидат од голема помош на еМакедонија.

Bojan Almighty
Министер за Образование


smexor1
Заменик министер за образование