[ОЦМ] Министерствата во еМакедонија и државни организации

Day 1,231, 04:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Раководењето на држава е можеби најтешката работа во еРепублик и затоа, со цел распределување на товарот што го носи истата, освен Претседателот, оваа функција е распределена и на неколку тимови од играчи односно еВладата, предложени од страна на Претседателот на еМакедонија.

Раководењето се распределува на министерства, секое е определено за еден сегмент или област. Овој туторијал се однесува на разбирањето на тоа и барањето на помош на точно место.



Министерство за Економија:

- Главно задолжено за финансиските средства на еМакедонија. Ги собира средствата од државните акаунти и ги префрла во Народна Банка на еМакедонија, кое е еден вид на подминистерство. Исто така преку него се финансира Министерството за Одбрана и други министерства и организации. Ова министерство раководи со државните фирми, преку кои се зголемува воената заштита на еМакедонија или пак се стабилизираат цените на еМакедонскиот пазар.

Народна Банка за Македонија:

- Едно од главните делови на Министерството за Економија. Во ова институција се складираат паричните средства на државата и подоцна се распределуваат. Во склоп на оваа организација се и неколку државни фирми и Претседателскиот весник.

МАКСТОР

- И ова е дел од Министерството за Економија и го промовира купувањето на Македонски производи. Оваа организација работи со Злато и цените се пониски од оние на пазарот. Моментално, МАКСТОР не е во функција.

Министерство за Образование:

- Работата на ова министерство е главно поврзана со новите играчи и нивно советување. Ова министерство пишува туторијали и им помага на играчите околу функционирањето на еРепублик. Исто така ова министерство праќа пораки до новите играчи преку кои им ги дава побитните информации и линкови за еМакедонија со цел нивно задржување во играта. Во составот на ова министерство е и каналот ##NoviIgraci, каде што новите играчи добиваат одговори за дадени прашања. Секогаш гласајте ги статиите на ова министерство со цел да бидат прочитни од повеќе луѓе.

Министерство за Одбрана:

- Како што кажува самото име ова министерство главно обрнува внимание на воените акции на Македонија. Преку ова министерство се добиваат информации каде е потребна нашата воена помош и се вршат рефундирањата на паравоените единици.

Армија на Република еМакедонија

- Ова е составен дел на Министерството за Одбрана и во оваа Армија спаѓаат Лавовите и Тигрите. Лавовите и Тигрите се единствените воени единици финансирани од страна на државата.

Министерство за Здравство

- Министерството за Здравство е главно задолжено за помош на граѓаните при одржувањето на здравјето. Преку ова министерство се спроведуваат разни акции за враќање на здравјето, особено за време на војна.

Македонски црвен крст

- Црвениот Крст е составен дел на Министерството за Здравство. Тој се финансира со донации од хуманите еГраѓани и им помага на играчите кои немаат средства за да си го вратат здравјето. Доколку сте погрешиле и сте останале на ниско здравје, контактирајте ја организацијава за помош но секако, оваа услуга не треба да се злоупотребува.

Министерство за Информирање

- Преку ова министерство се врши информирање на граѓаните, во врска со промените на еРепублик, работата на Владата/Конгресот, и случувањата во светот. Исто така преку ова министерство се одржува конекција помежу Претседателот и еГраѓаните, преку разни анкети, јавни дебати, прашања и обраќања.

Министерство за Надворешни

- Преку ова министерство се извршува надворешната политика на еМакедонија. Сите пактови и ембарга, кои се создаваат се вршат главно преку ова министерство. Ова министерство дава информации за политиката на останатите држави и одржува дипломатски односи. Исто така ова министерство испраќа и македонски амбасадори во државите.



Министерство за Образование - нивниот весник

Министерство за Здравство - нивниот весник

Црвен Крст на Македонија - нивниот весник

Министерство за Одбрана - нивниот весник

Министерство за Информирање - нивниот весник

Народна Банка на Македонија - нивниот весник

Министерство за Економија - нивниот весник

Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник



Се надеваме дека со ова ви помогнавме во разбирањето на Државните Институции и нивните функции. Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате сите туторијали. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
STEFANPIPO, Министер во Министерството за Образование


Дополнување, стручна помош и рецензија:
PhoenixMK, Стручен советник во Министерството за Образование

Со почит, Тим на Министерство на Образование
Април 2011