[Министерство за Образование] Програма за овој маднат

Day 1,204, 09:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Почитувани читатели,

Изминатиов месец беше навистина тежок, но Министерството за Образование ја заврши својата работа подобро и од предвиденото. Ова Министерство беше лидер во Македонија по успешност, а секако најголема заслуга има PhoenixMK, а секако и неговиот тим, кој безрезервно го подржуваше. Но лесно е да се стигне до тој успех, тешкиот дел е да се задржиш на тоа ниво, па поради ова овај мандат ќе биде исто толку тежок, како и претходниот, но јас и мојот тим веруваме дека можиме да се носиме со предизвиците.

Како наша главна задача за овој месец, ќе биде продолжувањето на она што PhoenixMK го започна, а секако и да го подобриме. Исто така ќе има и мали измени во планот за престојниот месец.

Најпрво да ви гопретставам Тимот на Миниерството за Образование, кој исто така беше официјално одобрен од Претседателот Strumjanin:


Министер за образование: STEFANPIPO
Заменик министер: Royalexe
Помошници: TosheMK, Panche Isajeski и NightWolfMK
Стручен советник: Cyril of Macedon и PhoenixMK

Како што можевте да забележите, голем дел од играчите веќе работеа во ова Министерство за време на најдобриот мандат, па затоа и беа задржани. Исто така ќе има мала промена во раководењето на ова Министерство, а тоа е дека јас, како Министер н треба да бидам сметан, како Врховен Командат, туку како обичен член на овој тим. Во овој тим исто така сите ќе имаат еднакви права, но одговорноста која ја снесувам ќе биде многу поголема од онаа на останитете.


ПРОГРАМА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ:


1. ОЦМ

- Продолжување на работата на најдобриот проект во историјата на ова Министерство. Но ова задача нема да биде толку интензивно работена, како во изминатиот период, затоа што голем број од темите се исцрпени. Моментално се спремаат 5 нови туторијали на различни теми. Исто така ќе се објавувааат разни туторијали за најновите измени во еРепублик, а исто така ќе се реобјавуаат оние кои се поважни или доколку ситуацијата налага така.

2. Праќање на Приватни Пораки до нови членови

- Преку ова сакаме да им го привлечеме вниманието на новите играчи и да започнат поактивно да ја играат оваа игра. иако во Македонија имапе 2 исклучително големи бејби бумови, сепак добар дел од играчите ја напуштија оваа игра, затоа што сметаа дека досадна. Нашиот минимум е праќање на ПП до 500 нови играчи, но секако доколку го надминиме нема да прекиниме со ова. За ова ќе се водат евиденции, па така на крајот ќе можеме да дадеме отчет за сработеното.


3. Зголемување на боројот на претплатници

- Како што знаете овој весник има голем број на претплатници и е во Топ 10 во Македонија според нивниот број. Ние преку разни туторијали ќе се залагаме да го зголемиме тој број, заради причината со бејми бумовите, која беше подетално објаснета при 2рата точка. Нашата цел е 3 000 претплатници, не заради медал (секако организацииите не земаат медал), туку за повеќе нови играчи да бидат информирани.

4. Продолжување на работата на чат каналот #NoviIgraci

1. Trte - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3954042
2. Facka - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3971681
3. Shakce - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3988787
4 Goxyto - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/902251

Следниве играчи ќе бидат задолжени за раководење на тој чат канал. Оваа прилика би сакал да ја искористам да м кажам на помладите играчи на кои имтреба помош околу еРепублик, да не прашуваат во Министерството преку ПП, туку да го посетат овој канал и таму да го постават прашањето на некој од присутните 4 раководители.



Исто така нашата програма може да се прошири, но доколку се случи тоа вие секако ќе бидете правовремено известени.

Се надеваме дека со работата, ослонувајќи се на оваа програма ќе ја исполниме зададената работа и достојно ќе ги одржиме нашите ветувања и се надеваме нема да си го “извалкаме образот“.


Ваш
STEFANPIPO
Министер за образование, Тим на Министерство за Образование