Како да гласате на партиски избори ?

Day 1,059, 02:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Како што знаете Ерепублик содржи повеќе елементи кои ги има и во реалниот живот така и во играта се бираат претседатели на партија и изборите се одржуваат на 15-ти секој месец. За да имате право на глас потребно е да сте член на некоја партија во случајов нашата единствена партија за сите Македонци во играва да нема делби Обединета Македонија како да имате минимално 35 искуствени поени а за секое гласање добивате 1 искуствен поен.

Претседателите на партијата имаат повеќе можности и нивна задача е да прифатат/одбијат кандидати за парламентарните избори (конгресни) како и да изберат правци на кои е ориентирана партијата и тоа имаат избор економска ориентација да изберат (Far-Left, Center-Left, Center, Center-Right, Far-Right) или политичка (Totalitarian, Authoritarian, Libertarian, Anarchist) исто така имаат и можност да променат име на партија, лого и да предложат кандидат за претседател на држава доколку партијата е во првите топ5 партии.

Како да гласате ?

Нормално за да можете да гласате потребно е да бидете член на политичка партија, во случајов во Македонија имаме само единствена партија за сите наши играчи под име Обединета Македонија затоа сите коишто не се членови на некоја политичка партија во играва да се приклучат во истата и да ни помогнат за изборите со нивниот глас.

За да се приклучите на некоја политичка партија изберете го менито My Places -> Party за потоа да ви се појави оваа слика подоле на која кликаме Join a party и избираме.



За да гласате следно што треба да направите е да го изберете менито Community -> Elections и тогаш ќе ви се појави листа со кандидати за претседател на партијата важно е да гласате според тоа дали кандидатот е официјален зошто често на листата за кандидати се пријавуваат и поранешни странски државјани кои сакаат да ја превземат партијата и да направат штета.
За да гласате кликате на копчето “Vote“ што се наоѓа десно од името на кандидатот, гласањето трае 24 часа и тоа од 09:00 во наше наше време до 09:00 другиот ден.

Значи утре сите на изборите гласаме за нашиот официјален кандидат Cyril of Macedon!




United Macedonia
Министерство за Образование