Биланси Мај/Јуни

Day 1,656, 15:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija
Почитувани о7,

дојде и тој ден (конечно)

Овој мандат имаше амбициозни и инакви проекти кои требаше да ги покренат квалитетот на работа и функционирање на нашата република. Остана уште многу, ама помина месецот.

Само природно беше армиските канали да бидат посетени повеќе од претходно, тоа се гледа преку рефундот каде имаме пораст од 60% во поделбата, соодветно пред и после мисиите. Просечно рефундот пораснал од 49.700 на 80.700 мкд дневно, нормално резултатите се пресликани на бојното поле и сите ги гледаме.



Тенковите ги имаше, тоа беше најавено и тоа се оствари. Поделени беа над 35.000 тенка и просечно по 15.000 здравје дневно. Дополнително со последниот тендер обезбедивме доволни количини за преодниот период.


Постои и материјална евиденција само малку не е организирана за да биде претставена како една целина. Поука за следниот пат, а воедно и апел, инфорамциите да се чуваат концизно во еден документ пр. Удар.

Новина е и следниот линк:
http://www.facebook.com/profile.php?id=100003941657509&sk=photos

тука се СИТЕ SS од сите возможни трансакции, дури и преку мојата приватна сметка. Ако имало нешто сигурно ќе се види и ќе излезе на виделина. Мое е сето ова да го ставам на увид на ВАС. Неколку дена мислев кое решение е најдобро за ваков систем и заклучив дека ФБ е право место за тоа.

Значи нема веќе тајни!!!



Следно е едноставноста во која е прикажан Билансот. Нема 30 линка, нема 4-5 сметки, се' е сместено комотно на 2 лиса во ексел. Не велам дека тоа е погрешно, само вака е поедноставно и мислам ќе се сложите.

https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AtzswkyD6QZvdDRxMkk3NVdPTmVNMWJUYTlaNE5McUE


Како што можете да видите, трошоците за УСПЕШНА МАКЕДОНИЈА налагаат поголем буџет, веќе ја знаете мојата статија и законот каде побарав од конгресот ДДВ да се промени на 25%. Тој став сеуште го сметам за исправен, во спротивно ќе треба многу да штедиме т.е. ќе се вратиме на стариот пат. Еве уште еден апел до конгресмените, да реагираат благовремено т.е. да престанеме да лечиме и веќе еднаш да научиме да спречиме предвреме.


На крај да му се заблагодарам на мојот Тим, сите се трудеа и дадоа свој максимум. За некои ова беше добро школо. Голема благодарност до Владата која имаше разбирање за моите РЖ ангажмани последнава недела. Благодарност и до Републиканците, кои несомнено ми дадоа голема поддрша, која се надевам ја оправдав, онака како што доликува.

Народна Банка веќе нема да се користи од оваа влада. Средствата на МзЕ ќе послужат да има брз и неосетлив премин од оваа на другата влада. (за исплата на востанија и рефунд) Пропуштените полиња ќе се пополнат согласно реализацијата на барањата за рефунд и востанија.


Биди годра Македонијо о7

Со почит,
SaveAss и Тимот