Економија и Финансии - каде се движиме?

Day 1,642, 08:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija

Почитувани о7

Поминаа две недели од мандатот на оваа влада. Како задлолжен за економијата и финансиите си поставив крајно радикална цел:
- Транспарентност на секое ниво
- Евиденција на намирниците
- Домаќинско работење со парите
- Едукација на населението (лиценци, препорачани цени, продажба на локален маркет итн.)

целта беше да ви се обезбеди објективно гледиште за механизмите на еРепублика. Сепак повеќето одлучија дека откако им беа посочени неколку работи дека научија се' што има и тргнаа по свој пат.



Промените кои ги направивме донесоа:

- Препорачани цени
- Можност за донација и транспарентни понуди (тендери)
- Буџет за МзЗ и поделба на лебови од донации
- Самостојност на МоД тимот, кај секој член се створи залиха за да може да интервенира по потреба
- Се презедоа мерки за зголемување на буџетот и уште ќе се преземаат
- Имаме активни преговори за подобри ресурси без окупација на Грција
- Останати теми кои не се за јавно излагање а имаат за цел полесен развој на Македонците, за жал може да не се спроведат зашто нема достојни за такви подвизи (со чест на исклучоци кои ги ползуваат благодетите)

Најкратко кажано успеавме делумно да срушиме одредени стереотипи ама уште сме своеглави и мислиме дека сме најдобри ако застанеме сами.
Тешко е кога излага спротивното ама за тоа самите сме си криви.


За крај сакам да посочам дека министерството има материјал за 2-3 мандати, ама на Вас останува дали ќе го искористите тој потенцијал или ќе терате своеглаво.
Гледам дека нашите заложби во координација со МоД не ги почитувате и тепате против договореното тоа долгорочно и' пречи на дипломатијата, вклучувајќи го тука и економскиот сегмент од истата.

Сега е време вие да покажете што можете за Македонија, не на бојното поле него како личности.

со почит,
Тимот на МзЕ и НБРМ