[ S T R ] МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ВО ПОДЕМ

Day 1,164, 12:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Добра вечер Македонијо !


Статијата ја пишувам поврзано со последните позитивни настани во АРМ и регрутацијата за новата единица. Се среќа на сите кандидати ! 😉


Синоќа имав убава можност да разговарам на ИРЦ со Слајдер – министер за одбрана и генерал на Лавовите. Целта на муабетот беше кратка и јасна : перспективите за развој на АРМ.


Имавме двочасовна дискусија. Првите час и половина пројдоа во разгледување на два различни концепта како да се развива АРМ. И Слајдер, и јас, имавме свои ставови и свои аргументи. Иако не се сложувавме – во ниту еден момент дискусијата не беше било што друго освен крајно отворена и пријателска. Сепак, моите аргументи на крајот беа победени. 🙂 Слајдер ми ги образложи сите поединости како досега функционира АРМ. Се изнагледав на ексел документи, формулари, правилници ... Со еден збор – останав воодушевен. Мислам дека многу малку еМакедонци сфаќаат колкава работа врши Слајдер и цела единица Лавови.

За волја на вистината, човек и нема баш од каде да дознае како и што се случува, и токму затоа ја пишувам оваа статија. Едноставно, убавата слика која ја добив синоќа за АРМ и за Слајдер лично – сакам да ја споделам со цела еМакедонија.


Последниот половина час од муабетот пројде на иста фреквенција. Како заклучоци беа изведени следниве точки :


1. Формирање на втората едница на АРМ – регрутацијата веќе е во тек, а цела потребна инфраструктура е обезбедена.

2. Оформување на Регрутен центар во блиска иднина – тука би доаѓале најмладите еМакедонци и би се подготвувале за влез во официјална единица на АРМ.

3. Формализирање на односите со сите паравоени единици – изнаоѓање начин како да се соработува со сите нив. На среден рок, тие би се инкорпорирале во АРМ како регуларни единици и ќе се изнајдат начини како тоа да се изведе, се разбира, со целосна нивна согласност. Со тоа, на долг рок, еМакедонија ќе има една единствена унифицирана Армија.

4. Етапно формирање на Елитна единица на АРМ. Притоа ќе се внимава да не бидат “обезглавени” единиците на АРМ и паравоените организации, бидејќи имаме дефицит на играчи со голема сила. Ако одеднаш ги повлечеме во Елитната единица, може да ни се случи ваккум на останати позиции.

_________________________________________________________________________________


Дебата останува отворена. Ги повикувам сите лидери да паравоени организации да ме контактираат преку порака и да започнеме редовна комуникација. Верувам дека со време ќе најдеме решенија за сите ситуации. Најбитно е да се има добра волја – се друго е прашање на договор.


Така, драги мои, сакав да Ви дадам увид за моменталната состојба на АРМ и плановите за активности во блиска иднина. Ве молам да допринесете со свои видувања и коментари.


Добра ноќ !


Поздрав од Струмјанин