Македонска верзија на eRepublik [Министерство за Информирање]

Day 1,668, 18:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Драги еМакедонци,

Со големо задоволство можеме да ве информираме дека конечно ја добивме и првата официјална верзија на eRepublik на Македонски јазик.

Нашиот јазик е испочитуван од администраторите на играта, со што се конечно се исплатија многубројните шаути, статии и тикети до админите за додавање на Македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на оваа игра.

За да ја погледнете македонската верзија на eRepublik потребно е при најава на играта да го изберете Македонскиот јазик


Да го промените јазикот во таканаречениот "Address bar" во македонски (од en во mk), или пак да го копирате следниот линк во нов прозорец:
erepublik.com/mk

Свесни сме дека преведот има многу грешки, но сепак ова е одличен чекор за нас како еНација.

На нас останува да ја подобриме оваа верзија на Македонски јазик, па секоја грешка која ќе ја пронајдете пријавете ја до администраторите на следниот линк:
http://www.erepublik.com/en/tickets
Во одделот Преводи (Game Translation)

Се надеваме дека ова е само чекор кон подобрување на оваа игра.



Со почит,
Министер: ePece
Заменик - министер: svetecot