Воено Известување 1632

Day 1,632, 05:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добар Ден Македонци каде и да сте

Денеска дојде ред за Воено Известување.

Ќе почнеме со Европа и ќе завршиме со Балканот.



Јужна Европа и Франција .
Шпанија. После потпишаните НАП договори помеѓу Шпанија и САД и Шпанија и Бразил,
Шпанците ја освоија Португалија и се префрлија на Јужна Америка . Португалците ги замараат со востанија ама ја немаат таа сила како порано .
Италија. Италија е на старата позиција има потпишано НАП со Словенија и тамо е се постаро.
Франција. Големата Франција која некогаш имаше делови од Шпанија и цела Белгија и делови од Англија , дојде да се бори за опстанок под директните напади од Унгарија и Словенија. Моментално има неколку востанија ама и тие не се некоја голема закана за Унгарија и Франција . Бонус во оваа акција е Слобода за Англија.



Средна Европа и Франција После недоразбирањата и кавгите помеѓу Полска и Шведска за поделба на Германија , се среди работата и се окупираа федерацијата на Германија и Данска. Германија дава последен отпор во некои крајни региони . Швајцарија после подолго време се врати на еКартата и тоа како проОНЕ држава и и дозволи на Словенија да е бафер зона помеѓу Полска и Франција.
Унгарија се пресели во средна Европа со мисоја да учествува во ослободувањето на Англија и засега добро и оди . Белгија стана проОНЕ држава и сега е слободна држава.



Јужна Америка ќе ја рагледаме на два дела кои се битни зошто ОНЕ пробува да преземе иницијатија во тој дел од еСветот.

Во северниот дел од Јужна Америка Индонезија ја нападна Колумбија и за сега добро и оди , со шанси да го нападне дирекно Бразил и да се ослободи Перу. Кој во ој дел од еСветот ќе ни биде еден вид на база . Шпанија ги нападна португалските колонии и ја ослободи Венецуела наш стар сојузник .


Ова е малку поголема слика треба да кликнете за да видите подобро . Додека Индонезија и Шпанија ги ослободуваат нашите сојузници во Јужна Америка.



Во меѓу време Бразил и Аргентина се проширија . Бразил се прошири на 3 континенти, има делови од Јужна Африка и делови од Нов Зеланд. А Аргентина го избриша Чиле и сега ги напаѓа преостанатите делови на Нов Зеланд. Заедно двете држави го поделија Парагвај кој ни служеше како damege drain во ноќните битки.





Далечниот Исток Тотална доминација на Кина и нејзиниот сателит Тајван,
пропаднаа неколку обиди на ОНЕ да ги ослободи Двете Кореи.



Среден Исток После успешната офанзива Тајланд се ослободи и напредува низ Индија , и најверојатно цел им е да се ослободи Пакистан нај стар сојузник и најдолго окупирана земја од Кина . Индонезија е стабилна и моментално е во офанзива во Јужна Америка и успешно ги гасне востанијата .




Блискиот Исток Најинтересен регион за нас , затоа што долго време беше наш.
Во Саудиска Арабија целосно доминираат Грција и Кипар. ОАЕ е независен и моментално не е замешан во некој судир. Египет има еден слободен регион во договор со Грција и Кипар . Иран ослободи еден регион , а остатокот е окупиран од Кина која дојде до границите на Турција како еден вид на обезбедување на Турција. Тука е исто замешан Израел кој има окупирано неколку региони на С.Арабија и си ужива во ресурси.
Најверојатен наш потег би бил да се крене Востание во СИНАЈ со што би го оставиле Кипар без ресурси .


Како што ветив ќе завршам со Балканот , зошто овде од секогаш било најинтересно.



Ќе почнам од Горе од Словенија. После офанзивата на кај Средна Европа , Хрватска ослободи еден регион и ја нападна , по што Словенците се решени да се префрлат во Италијанските Региони и да се осигураат некое време од Хрватските напади .
Имаат кренато Востание во Фрули-Венеција со што ќе ги отсечат италијанските колонии од Хрватски Напади . Хрватска после инаетењето на Romper да му го расипе мандатот на Scymex ја избришаа по кој знае кој пат . И сега пробува да избега преку Словенија во Средна европа . Босна и Херцеговина после малечко ширење на Црна Гора ја избришаа и сега ја нема нигде . Црна Гора се врати на еКартата и си продолжи да помага на Сојузниците . Србија си ја исполни задачата ја избриша Хрватска и сега помага по сојизници. Унгарија после офанзивата низ Австрија помага да се ослободи Англија и води директна војна со Романија .
За Македонија не зборам зошто сите знаеме го проживевме овој период.
Ги излижавме раните и тргнавме во иницијатива и за сега добро ни оди , нашиот нов сојузник Бугарија си поврати иницијатива и сега е во напад на Турција - El Clasico.


Толку за сега .

Поздрав од тимот и следете ги нашите статии

Официјален канал на Министерството за Информирање #emkd-info на кој сите сте добредојдени.


Министерство за Информирање:

Министер за Информирање: Златко Каскаревски

Заменици Министри: Girl from MACEDONIA, svetecot, Starfool и kiko105

Надворешен соработник: deda_mraz82