(Министерство за Информирање) Реорганизација

Day 1,666, 06:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав до сите!

Пред да почнам со намерите на Владата би сакал да ви се заблагодарам на сите за предлозите и ангажираноста за справување со новиов "воен модул".

Од сите предлози и анализирање на состојбата се обидовме да направиме еден сублимат кој во моментов би бил најефикасен и што е најважно, изводлив.

Најдобар предлог даде El che и сметам дека со мали измени тој модел на организирање би требало да го спроведеме веднаш.

Прво би сакал да ги посочам слабите точки.
По прелиминарните резултати од анкетата спроведена од Министерство за Информирање и од Stole Lazarov(Demons), како и од формуларот пополнет при вчерашниот #udar5, произлегува :

Прва дивизија- речиси и немаме (разбирливо)
Втора дивизија- со многу слаб одзив на #udar5 (двајца само), но со значително подобар одзив во Анкетата и Пописот. Заклучок за втора дивизија: слабо присуство на чат.
Трета дивизија Газиме!
Четврта дивизија Задоволително.

Планот со мали измени од предлогот на El Che е следниов:
Купуваме 3 MU

Прва MU - Прва дивизија (левел 1-24)
Втора MU - Втора дивизија (левел 25-27)
Трета MU - Трета и четврта дивизија поделена по регименти и составена од членови на постојните MU, кои сакаат на доброволна основа да се приклучат кон новооформената единица.

Во прва фаза Командири на овие три единици би биле назначени од МоД, за понатаму ке видиме.

Постојните единици си остануваат, со тоа што наредби ке се следат на Удар канал, поделени по дивизии.
Со репрограмирањето на ботот ке се смени и формулата за пресметување, односно од постојната во која доминантен фактор е инфлуенсот би се префрлило тежиште на број на испукани тенкови. Меѓутоа тоа во втора фаза.

За новоформираните единици грижата ке биде од страна на државата, со тоа што третиот MU би влегол во постојниот рефунд систем + директна поддршка во тенкови, додека првиот и вториот MU ке бидат интегрирани во постојната програма на Министерството за здравство со делење храна и доколку се пројави заинтересираност за присуство на чат, обавезно покривање на фф со тенкови.
Исто така ке се смени и поздравната порака на Претседателот, со што новите еМакедонци ке бидат насочувани во Прва MU, односно Прва дивизија.

Доколку се слагате со предлозиве, распишуваме тендер за купување на 3 MU
Понудите и предлозите слободно наведете ги во коментар.

Во текот на денешниов ден сум слободен и планирам програмава да ја избуткам до крај!

Да живее Македонија!

Со почит,
Felllix.