Интервју со поранешните Претседатели [Министерство за Инфомирање]

Day 1,631, 02:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо,


Како што ветивме почнуваме со напорна работа во ова Министерство. За почеток на нашата работа покрај известувањето за Претседателски избори ние направивме интервјуа со поранешните Претседатели на еМакедонија со цел да видиме тие што мислат за моменталната ситуација, како би ја организирале војската и на кој начин би парирале на големите и јаки непријатели.

Интервјуата беа достапни за сите Претседатели без исклучок но сепак беа на доброволна база и кој сакаше можеше да одговори. Собравме мислења од неколку па во продолжение можете да ги погледнете.



Интервјуа со поранешните Претседатели на еМакедонија



DedaNoe

1.Како гледате на моменталната ситуација во која што се наоѓаме?
DedaNoe-Доста тешка ситуација додатно искомплицирана со NE-то на Турција кое ги разгневи и онака неутралните турци кои до пред тоа балансираа и не напаѓаа во битките против Македонија. Покрај тоа се најдовме во лавиринт кој изгледа доста тешко, Кипар се вгнезди во нашето непосредно соседство и сега со Грција ќе бидат огромна стратешка пречка за било каков наш развој и напредок.

2.Да беше вашиот мандат овој период што би преземале за да издвојуваме победа на повеќе фронтови?
DedaNoe-Утврдување приоритети, програма за напредок и преземање на чекори кон тоа. Соработка со Србија и Бугарија за да се изведат успешни востанија во Албанија кои ќе бидат бранети од цел непријателски сојуз токму поради стратешката позиција на Кипар во која е сега а за која спомнав и погоре, понатаму пристап кон неутрализација на Грција како непријател, и ширење на запад со префрлање на главен град.

3.Дали новиот претседател ќе ја спаси Македонија од оваа ситуација?
DedaNoe-Се надевам, со рационално користење на нашите потенцијали, стимулација на нашата играчка машинерија - да удира каде што е потребно и кога е потребно (TP медалите од истото се дополнителен стимул)

4.Дали повторно можеме да ја освоиме грција и да ја држиме под окупација подолг временски период?
DedaNoe-Секако дека можеме, но никако за долг временски период, тоа е возможно со координирана голема акција на ONE на повеќе фронтови со што тенковите на Еден ќе бидат растргнати и инфлуенсот значително намален.

5.Кој би бил според Вас најдобриот начин за организирање на војската?
DedaNoe-поделба во групи според временската рамка во која играчите може да се најактивни, понатамошна прераспределба на пријавените во други групи (ако е возможно) да се постигне избалансирана - еднаква штета од секоја група, формирање вонредни групи за удар, цивилите и MPP помошта ќе бидат само екстра сила, тенкови и храна може да се делат на групите целосно, касата е полна - приливот на дневни средства е голем, може и да потрошиме некој денар ако сакаме резултати, не ми е јасна политиката на штедење кога веќе и монетарниот маркет сега е глобален. Едноставно е, потроши за да добиеш.

6.Доколку народот побара од Вас повторно да се кандидирате за Претседател далу би го направиле тоа?
DedaNoe-Би го сторил тоа доколку оценам оти истото е неопходно, работата што за разлика од лани ова време кога бев MOD а потоа и претседател, RL животот доста ми се промени и слободното време ми станува луксуз (слободно време во смисла целосно да може да се оддадам на ерепублик).



DarkoDimovski1

1.Како гледате на моменталната ситуација во која што се наоѓаме?
DarkoDimovski1-Моментално Македонија е пред прагот на целосно бришење од страна на нашите долги непријатели: Грција и Кипар..

2.Да беше вашиот мандат овој период што би преземале за да издвојуваме победа на повеќе фронтови?
DarkoDimovski1-Кога се бориш против 2-3 непријатели во исто време, исто ко да си со едната рака во оган. За да издвојуваш победа, потребно е да бидеш сконцентриран целосно на битките.

Јас, во моментов би оставил да не избришат и преку востанија да си ги вратиме регионите. Потоа, би ги исчистил Кипар од Албанија, би ја нападнал Албанија и би идел повторно во војна со Грција.

Овојпат, би останал на тие 7/10 ресурси од Грција.
Нападот врз Турција би било повторно бришење на Македонија!

3.Дали новиот претседател ќе ја спаси Македонија од оваа ситуација?
DarkoDimovski1-Имам голема доверба во El Che G и сметам дека ќе биде достоен за неговата функција во моментов.

Кај мене има преголема доверба и секогаш ќе бидам тука да му помогнам за се што му треба.

Порака до него:
Не се откажувај лесно! Со тебе е цела еМакедонија! Само напред во нови походи!

4.Дали повторно можеме да ја освоиме грција и да ја држиме под окупација подолг временски период?
DarkoDimovski1-Во моментов, со помош на Бугарија шансите за повторна окупација на Грција ни се 99,9%

Во секој поглед сме подобри во нив!

5.Кој би бил според Вас најдобриот начин за организирање на војската?
DarkoDimovski1-За ова можам да зборам многу.. Ќе бидам краток и ќе ви ја дадам мојата последна статија околу организација на војската:

http://www.erepublik.com/en/article/-darkodimovski1-1-2023343/1/20

6.Доколку народот побара од Вас повторно да се кандидирате за Претседател далу би го направиле тоа?
DarkoDimovski1-Во моментов обврските не ми го дозволуваат тоа.. Подобро е да им се даде шанса на другите играчи коишто заслужуваат да бидат претседатели на еМакедонија!

САМО СЛОЖНО ДО НОВИ ПОБЕДИ!

МНМ!



KepenciMKD

1.Како гледате на моменталната ситуација во која што се наоѓаме?
KepenciMKD-Македонија е веќе на добар пат кон ослободување на оригиналните региони, што е добро и може да почнеме да ја шириме територијата повторно, сигурен сум дека Претседателот веќе има подготвен план за оваа ситуација .

2.Да беше вашиот мандат овој период што би преземале за да издвојуваме победа на повеќе фронтови?
KepenciMKD-Би се насочил кон Кипар и за секој план кој претходно треба да се одработи да се стигне до светите македонски замји Мека и Медина стојам на располагање на сегашниот Претседател, во добри односи сум со Саудискиот Претседател кој според најавата планира договор со јужните и Кипар за слободни територии, затоа мора ние први да реагираме и да стигнеме до тие региони од каде би ни била базата за стратешко проширување на Исток, мерак би ми било еден ден да влеземе во директна војна со Кина.

3.Дали новиот претседател ќе ја спаси Македонија од оваа ситуација?
KepenciMKD-Веќе е спасена Македонија. целосна поддршка за Претседателот.

4.Дали повторно можеме да ја освоиме грција и да ја држиме под окупација подолг временски период?
KepenciMKD-Со сигурност ДА.

5.Кој би бил според Вас најдобриот начин за организирање на војската?
KepenciMKD-Бидејќи кај нас не ни постои државна војска, би сакал да видам организирање на таква, со дисциплинирани членови кои без разлика на нивната сила секој свој придонес би го ставиле во функција на Државата и би ги следеле наредбите и заповедите исклучиво на Претседателот и МзО, за што би биле соодветно наградени .

6.Доколку народот побара од Вас повторно да се кандидирате за Претседател далу би го направиле тоа?
KepenciMKD-Мислам дека не, Кепенци јуниор го има моето целосно внимание последниве месеци така да тука сум само поради луѓето со кои поминувам голем дел од времето кога сум online а тоа се од мојата сегашна и мината единица ....
Сепак ова е само забава во која го поминувам слободното време .



Makedonija Do Indija


1.Како гледате на моменталната ситуација во која што се наоѓаме?
Makedonija Do Indija-Па не бев нешто активен последниве 2 месеца, ама од тоа што може да видам овие 2-3 дена, ситуацијата не е добра. Мака мачиме со јунанистанците и сме заглавени на балканот.
Долго време сум ЗА напуштање на ОНЕ, поради тоа што алијансата е мртва повеќе од 6-7 месеци, и ни носи само проблеми, ништо повеќе.

2.Да беше вашиот мандат овој период што би преземале за да издвојуваме победа на повеќе фронтови?
Makedonija Do Indija-Со оглед на тоа што се повеќе луѓе или ја напуштаат играта, или се во тежок дво-клик, треба целосна реорганизација на војската(вклучувајќи ги и цивилите).
Фронтови се добиваат само со организирана војска, и да не се лажеме, веќе и чат каналите не се тоа што беа, што значи треба да се приспособиме на тие промени и да изнајдеме нов начин на менаџирање на воено расположливите сили.

3.Дали новиот претседател ќе ја спаси Македонија од оваа ситуација?
Makedonija Do Indija-Ел Че е МНФ дете. Ја имаше и подршката од МНФ на изборите. Несомнено, одличен кадар е, досега ја нема ,, утнато,, работата, така да мислам дека ќе има добар мандат.

4.Дали повторно можеме да ја освоиме грција и да ја држиме под окупација подолг временски период?
Makedonija Do Indija-Да ја окупираме можеме, да ја држиме подолго време под окупација не ми се верува од причина што ТЕДЕН е страшно јако организиран и помага на сите членови.

5.Кој би бил според Вас најдобриот начин за организирање на војската?
Makedonija Do Indija-Јас мислам дека е дојдено време да се направи нова воена единица, каде ќе членуваат 50-те најсилни Македонски играчи по инфлуенс. Да бидат под државна капа со фул јадење и тенкови и да пукаат САМО и АКО САМО се побара од нив да го направат тоа. Наредбите од чет, да се пренесат на шаут и тоа е тоа. Нормално, базука сквад ( кој јас го предложив во претседателската кампања) да зема рефунд по испукана базука, додека посилните единици нема потреба да земаат рефунд поради тоа што сите се економски стабилни и само одржливи, да се дели рефунд на цивилен сектор и на послаби единици со цел да се стимулира нивното ојачување.

6.Доколку народот побара од Вас повторно да се кандидирате за Претседател далу би го направиле тоа?
Makedonija Do Indija-Да. Најверојатно за неколку месеци ќе се впуштам во трката за претседател.



United Macedonia

1.Како гледате на моменталната ситуација во која што се наоѓаме?
United Macedonia-Се осеќа замор кај повеќето играчи а прилив на нови (скоро и како да нема) и нормално поради тоа се гледа дека во Македонија нема креативност што ќе ги размрда Македонците повеќе да се ангажираат за нивната земја.. со оглед на се тоа и не сме во лоша ситуација ќе се вратиме на прав пат брзо.

2.Да беше вашиот мандат овој период што би преземале за да издвојуваме победа на повеќе фронтови?
United Macedonia-Да беше во мојот мандат ќе одевме чекор по чекор, Албанија и Грција ни беа сосема доволни со региони како и ресурси. Повеќе во моментов и да сакаме неможеме, што значи во превод дека би ги окупирал истите и притоа би потпишал мир со Кипар.. а во меѓувреме ќе помагаме на сојузниците.

3.Дали новиот претседател ќе ја спаси Македонија од оваа ситуација?
United Macedonia-Не сме во некоја ептен тешка ситуација па да мора нешто посебно да спасува, секако ќе се ослободиме и пак повторно ќе ја окупираме Грција.. но ако мисли дека Македонија е способна да војува на повеќе од 2 фронта (Албанија/Грција) мислам прво добро треба да ја среди војската па и цивилите за подобра координација. Инаку оптимист сум дека новиот претседател ќе ја води добро државата, квалитетен и способен човек е Ел Че ..

4.Дали повторно можеме да ја освоиме грција и да ја држиме под окупација подолг временски период?
United Macedonia-Кажав веќе погоре дека можеме, и да се ослободат тоа ќе биде со голема помош од ЕДЕН и горење на кредитните картички. Но и тоа ослободување ќе биде кратко а потоа пак следи окупација, ако јас се прашувам би ги мачел Грците зошто го видовме нивното “лице“ повеќе пати па дури и во играта.

5.Кој би бил според Вас најдобриот начин за организирање на војската?
United Macedonia-Укинување на рефундот и истиот да се дели на активни играчи кои не се во можност да пукаат фул секојдневно но секако ќе доаѓаат на чат каде што ќе добиваат тенкови/храна за да максимално се искористи нивната штета.

6.Доколку народот побара од Вас повторно да се кандидирате за Претседател далу би го направиле тоа?
United Macedonia-Веќе не се борам/тренирам/работам а наскоро планирам и скроз да ја откажувам играта така да не би се кандидирал, доста е од мене има помлади во играва на кои треба да им се остави простор да докажат што знаат.



Aminta Makedonecot

1.Како гледате на моменталната ситуација во која што се наоѓаме?
Aminta Makedonecot-што би рекле Америте - we win some, we lose some.... се вртиме во круг, а задоволството на Плато е на квадрат 😁)

2.Да беше вашиот мандат овој период што би преземале за да издвојуваме победа на повеќе фронтови?
Aminta Makedonecot-кому сеуште не му е јасно дека никој од нас не може да потроши толку злато и пари на играва колку што може Плато да наштелува ѕидови на битки со своите ботови??!?! 😁
шала на страна ама јас би му одобрил државјанство на Плато...само тој е клучот за сигурен успех на повеќе фронтови 😉

3.Дали новиот претседател ќе ја спаси Македонија од оваа ситуација?
Aminta Makedonecot-што и фали на ситуацијава?
си играме нати го - дај ми го, иди ми - дојди ми, дрш - недај, падни - стани.... кругот а малечок а во него сме сите...и бате Шиме, бате Ване и, бате Мите... 😁)

Само еден човек може да ја спаси Македонија од оваа ситуација - АПО!!! ...ама он е ненормален... така да, ни нема спас 😁))

4.Дали повторно можеме да ја освоиме грција и да ја држиме под окупација подолг временски период?
Aminta Makedonecot-можеме ама нема да ни се дозволи да ја држиме долго... виде Плато дека нема кеш во таа реалност.... Плато едноставно сака профитабилна фикција и тој филм ќе го гледаме секој пат кога ќе ги онадуваме грчињата 😉

да ја држиме Грција долго време под окупација на играва за Плато му доаѓа исто што и на Дурекс би му дошла кампања за апстиненција од секс 😁

се додека се плескаме со Грчињата, Дурекс ќе шитка “профилактики“...

5.Кој би бил според Вас најдобриот начин за организирање на војската?
Aminta Makedonecot-сите во МТО... МТО за Македонија! 😁)

Солна војска сака сплотеност, компактност и слога, тоа се постигнува со дружба а МТО ја има(ше). јас бев долго време отсутен но ќе поработам во следниов период на дружбата што едно време ја имавме многу повеќе... во најава - ВОЈСКО СПРЕМАЈ СЕ ЗА СОБИРАНКИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МТО... ИМА ДА СЕ ПУКА ОД СИТЕ БАЗУКИ - ВИНО, ПИВО, РАКИЈА, ШПРИЦЕР и остала артилерија!!!! а Плато нека пукне од мука цицајќи краставица од страна 😁

6.Доколку народот побара од Вас повторно да се кандидирате за Претседател далу би го направиле тоа?
Aminta Makedonecot-секако, секако... 🙂
по можност накај Јули - Август ако може! 🙂
бидејќи сум мазохист по природа уживам да да се сончам пред монитор под услоб Back Up да ми е спонзор! 😁)

шала на страна, ама се покажа минатиот пат дека народот нема стомак да ме свари како CP 😛



Don Tas

1.Како гледате на моменталната ситуација во која што се наоѓаме?
Don Tas-„еден на еден“ грчиштава сол ќе ги правиме.

2.Да беше вашиот мандат овој период што би преземале за да издвојуваме победа на повеќе фронтови?
Don Tas-Македонците веќе не знаат да се борат на повеќе фронтови. Една до две битки истовремено ги добиваме, ама за повеќе се губиме. Тогаш доаѓа до израз недисциплината на многу играчи, што од стрв за БХ медал, што од идиотизам, а најмногу од неукост, и имаме раситнување на штетата. Во 4 битки ни се случува зидот да е 49,49%, и сите ги губиме. Или во една се бркаат за БХ и зидот е 90%, а во другите губиме.

3.Дали новиот претседател ќе ја спаси Македонија од оваа ситуација?
Don Tas-Новиот претседател е доктор и мислам дека веќе почна да и дава вештачко дишење. Ако шприцне и малку вијагра ќе оди се како подмачкано

4.Дали повторно можеме да ја освоиме грција и да ја држиме под окупација подолг временски период?
Don Tas-Ќе ја освоиме без проблем. Грција е навикната да биде обоена во зелена боја во последнава година. Мислам дека веќе има потчинет синдром на садо-мазо во однос на нас. Кога ќе виде дека ја освојуваме, се навлажнува.

5.Кој би бил според Вас најдобриот начин за организирање на војската?
Don Tas-Би формирал тим на разузнавачи, кои ќе ги дознаваат адресите на живеење на непослушните играчи, а Конг и Воикс со нивните мобилни тимови ќе им одат по дома да ги тепаат. Само така ќе има дисциплина.

6.Доколку народот побара од Вас повторно да се кандидирате за Претседател далу би го направиле тоа?
Don Tas-
Кога Бате Ване некогаш ќе реши да се кандидира за претседател, ќе се кандидиран и јас, за да попие пораз со „двострука“ разлика, дотогаш ќе собирам тенкчиња, за да можам да ги купам барем 1000 гласа



Ова се интервјуата. Им блгодариме на поранешните Претседатели кој што без проблем се јавија на нашата прозивка за интервју и ги поделија мислењата на истите прашања со нас.

Продолжуваме со работата нема тука да застанеме 😃


Канал на Министерството за Информирање - #emkd-info


Министер за Информирање: Златко Каскаревски

Заменици Министри: Girl from MACEDONIA, svetecot, Starfool и kiko105

Надворешен соработник: deda_mraz82