Претставување на тимот [Министерство за Информирање]

Day 1,629, 07:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо

Чест ни е што по одредено време се враќаме од пензија за да го предводиме Министерството за Информирање. Тимот е веќе добро познат кај граѓаните но сепак ред е и од почит спрема оние кој не не знаат ќе го претставиме тимот и ќе ви презентираме кон што целиме овој мандат.

Тим кој ќе го предводи Министерството за Информирање:

Министер за Информирање: Златко Каскаревски

Заменици Министри: Girl from MACEDONIA, svetecot, Starfool и kiko105

Надворешен соработник: deda_mraz82

Сигурени сме дека ви се добро познати. Нови лица во ова Министерство ќе бидат kiko105 и Starfool во кои се надеваме ќе стекнете доверба и ќе ве информираат за различни теми кои се поврзани со ова Министерство.

Нашите цели во овој мандат

Во овој мандат пред се планираме да го донесеме ова Министерство на повисоко ниво бидејќи и самите знаете дека од овдека излегуваат информациите кој што можете да ги добиете околу измените, изборите, мислењата на граѓаните и други информации кој што се поврзани со овој дел.

Исто така ќе се осврнеме и ќе одвоиме време за новите промени на еРепублик и изборните резултати. Кога сме кај изборните резултати да додадеме дека ќе бидат презентирани кандидатурите на сите оние кој ќе ја издадат истата преку својот весник. Ова ќе го направиме за сите избори без разлика дали биле Партиски избори, Претседателски или пак Конгресменски. Се ова ќе го направиме за полесно граѓаните на еМакедонија да дојдат до кандидатурите и да можат да одлучат врз основа на нив за кого ќе го дадат својт глас.

Анкетите со граѓаните во врска со Владата или пак други теми поврзани за еРепублик ќе ги има повторно и во поголем број. Со ова ќе можеме да согледаме на грешките (како Влада) да ги исправиме истите за подобро функционирање на нашата Држава и нормално пред се креирање на политиката со помош на граѓаните.

Интервјуата можам да кажам дека ќе бидат како еден нов проект во ова Министерство. Ќе воведеме интервјуа со кандидатите за изборите (за било кој избори), интервјуа со граѓаните на еМакедонија, поранешни Претседатели или Конгресмени и други.

Воените известувања планираме да ги имате почесто и да можете сите да видите до каде е нашиот сојуз или пак противничкиот сојуз но и за да пробаме самите да се искоординираме и да дадеме подршка онаму каде што е потребно.

Ова се нашите цели кој се надеваме дека со ваша подршка ќе успееме да ги промовираме и да ги сработиме до крај. Редовноста со статии ќе биде на многу високо ниво и предност секогаш ќе им даваме на граѓаните поради кој сме на оваа функција и треба да им служиме одговорно и чесно.

Поздрав од тимот и следете ги нашите статии

Официјален канал на Министерството за Информирање #emkd-info на кој сите сте добредојдени.


Министерство за Информирање:

Министер за Информирање: Златко Каскаревски

Заменици Министри: Girl from MACEDONIA, svetecot, Starfool и kiko105

Надворешен соработник: deda_mraz82