[ Министерство за информирање] Трето воено известување!

Day 1,594, 01:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо,

Од ден на ден се повеќе и повеќе се отвараат нови фронтови помеѓу ТЕДЕН и ОНЕ земјите. Во оваа статија сакам да ви претставам неколку воени фронтови кои се едни од позначајните за ОНЕ.

1. Македонија - Грција

И дојде денот кој сите го очекувавме. Почна војната на Македонија со Грција. Сега за сега ниту една од овие 2 држави не е во критична состојба. Се водеа 3 битки, но секогаш бранителите победуваа. Сега откако и Бугарија дојде на помош се надеваме на наша победа (по нападот на Грција) и потоа одиме да ја прошириме нашата империја.

2. Бугарија - Грција
Како што реков погоре, воените сили на Бугарија и Македонија појдоа кон нови походи. Во овој момент се води битка помеѓу Бугарија и Грција за регионот Thrace (грчки регион) и моменталниот резултат е 1:1 (битката можете да ја погледнете тука). Во оваа битка се надеваме на победа на Бугарија за да може потоа одкако ние ке се одбраниме заедно да ја нападнеме Грција и секако да ја освоиме 🙂

Овие планови се обиде да ни ги помати Романија, но за наша среќа тоа беше неуспешно, го одбивме нападот со 8-0. Бугарите кренаа востание во Софија кое беше успешно и со тоа ја избришавме границата со Романија. Романија заедно со Грција планираше преку Бугарија да ја нападне Македонија и во заеднички напад се надеваа на освојување на Македонија, но како што реков ние успешно се справивме со тоа, со помош на Бугарите секако.



3. Србија - Франција, Италија и Хрватска
Морам да признаам дека Србите се наоѓаат можеби во најтешката ситуација од почетокот на еСрбија. Иако не се избришани од мапата сепак тие водат војна на 2 фронта, откако изгубија граница со Франција а пред тоа водеа и на 3 фронта. Србите иако се познати како едни од најсилните во ерепублик сепак тие неможат да се справат со овие 2 фронта и со многуте RW-а. Во моментот се води неизвесна битка за Albanian Coast и Хрватите водат со 6-1. За наше добро несмееме да дозволиме следниот напад ако оди на Тирана да го добијат Хрватите затоа што тогаш ке имаат граница (се мисли на оргиналните територии) со нас и сигурно ќе не прогласат за NE и ќе се обидат да и помогнат на Грција која е во тешка ситуација 🙂



4. Полска - Украина и Романија
Епската војна никако да заврши. Полска и Украина водат војна уште пред многу дена. Ниедна од овие 2 држави не е во критична состојба и не е во опасност од освојување од страна на непријателската држава. Полска исто така ја предложи Романија за NE и се надеваме дека силната Полска со помош на Унгарија успешно ќе ја освојат Романија.

5. Шпанија - Бразил и USA
Шпанија е во разочарувачка форма. Секој напад од страна на Бразил и USA го губи најчесто со 8-0. Но, шпанците се успешни во RW-та и успешно ги ослободуваат териториите кои што пред тоа ги изгубат. Се надеваме дека оваа долга војна ќе заврши во полза на Шпанија.



Министерство за информирање

Министри: svetecot, Makedonecc (Кате), Girl from MACEDONIA и rolerpro