Резиме на националните интереси

Day 1,581, 12:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

Поради тоа што во предходната статија, истресов глупост, се поради тоа што бев погрешно информиран... моја грешка што не проверив. Затоа сето што сакам да го кажам во написите за националните интереси, ќе го кажам сега, и се со цел да ги видиме искуствата од нашите пријатели и непријатели, да го примениме тоа, се за цел посилна еМакедонија.

Бугарски синдром: Бугарите силни и дисциплинирани, поради инает, ги губат пријателите, се до оној момент кога не ги стават во ќоше. Тогаш се лесни за уцени и омаложување, пред се од оние кои ги сметаат за пријатели. Се водат од суетата и затоа страдаат. Вистински стабилен сојуз, не можат да остварат поради нивната превртлива природа.

Турски менталитет: Некогаш силни, некогаш моќни, некогаш лојални. Веќе не. Им се напикаа грци и кипарци во единиците и партиите, па успееја да им исперат мозокот. Сакам да верувам во тоа. Нудени за сојуз-одбиваа, си ја покажаа нивната прикриена превртлива природа. Тешко верував дека ќе се свртат некогашкон нас... И што добија, непријател, сватени беа како несериозни, и превртливи, сега ќе бидат селска Кuрva, за сите сојузи, ќе бидат искористени и фрлани... ќе помине време да си ја повратат довербата.

Словенска логика: Мали, лесни, мирни... Политика од типот, пријатели наместо непријатели, плати па клати, се решаваат со дипломатија, не влегуваат во отворен конфликт, и ако се осетат загрозени, плаќаат. Мудра политика на поткуп. Исто така спонзорираат востанија против своите сојузници, се ќе направат само да го отргнат тежиштето од себе.

Срби: Силни, големи, моќни, со многу тенкови. Лојални, братски, сојузници, кои секој би ги посакал... Но... секогаш постои цена. Дали тоа би било регион со ресурси или наемнина... зависи како ќе се договорите... србите прават се за пари.

Хрватски комплекс: Уште еден силен и голем народ, но за разлика од србите, се послични со бугарите, водат политика на пријателски народ, но затоа нивните сојузници често ги оставаат на цедило. Ова е лојален народ, тенкира по милиони, но ретки им се вистинските пријатели, тоа го знаат... затоа сакаат на секому да се допаднат, затоа тенкираат милиони, а за нив се тенкира само мал дел од она што се може.

НАРАВОУЧЕНИЕ:
Не биди инаетчија како бугарите, не ги навредувај другите, не знаеш кога на која врата ќе тропнеш. Нов бунар копај на стар не плукај, после матната не те мие, подобро стар пријател одколку нов непријател. Кога еднаш грнето ќе се скрши и да го лепиш пак е скршено.Ако не можеш да го натепаш, плати го, кога тепаш - Наплати го! Мавај, како што маваат, суди како ти судат!

Ова е само мое мислење, не мора да се согласите со ништо.