Националните интереси - Турција

Day 1,579, 05:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

3 Кога јас започнав да ја играм оваа игра, ако постоеја пријатли на Македонија, тоа беа ТСрбија и Турција. Со првите не спојуваше комунистичкото братство и единство, а со вторите, заедничкиот непријател... Од Турција потекнуваат најголемите платеници во играта-Лазократите (сега нешто ги нема.. поим немам што е со нив), тие ни беа главна ударна сила во првите шест месеци... Благодарам.
Турција влезе во војна со Бугарија, и ние како бебе држава манавме на Бугарија, јаки онака за другарска Турција, и им ја зедовме Софија, (после не бришеа, а газот ни го спасваше Србија).
Сакам да кажам си имавме дај ми го - нати го, и кога бојкотираше Турција, останавме пријатели, и кога се ослободваше од Грција бевме тука...
Но се си тече се се менува...
Што ги направи турците превртливи??? - ништо, секогаш и беа... само требаше нешто да го поттикне тоа...
Главен проблем се јави, со желбата на Турција да влезе во ОНЕ, некои не ја сакаа, ние лобиравме.. но не успеавме... и што??? Турција и Грција заедно по ресурси, против Македонија??? Незамисливо за мене, но и тоа бина... И се смени нешто?-НИШТО
Турција, игра топло-ладно со ЕДЕН,ја изгуби Македонија како сојузник, покажаа дека се нестабилни сојузници, ида не должам, да бев председател на ЕДЕН или незнам кој фактор таму ќе им речев:

Пресудете во која ситуација сте, вие му свртивте грб на вашиот најверен сојузник, а сега сакате да ни бидете нам сојузник??? Не фала, не ми е потребен тој ризик.