Националните интереси - Словенија

Day 1,578, 13:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

2. Словенија како и во реалниот живот, е богата мала земја, секогаш победник и успева да ја држи северна Италија во покорност, и од време на време да мани на Швајцарија. Иако е про ОНЕ, таа нема непријатели, и секогаш е во некоја добивка, без оглед кој сојуз преовладува.
На што се должи тоа?
Се разбира на политиката!, Можеби звучи неразумно за нас, кои важиме за темпераментен народ, тие се толку трезвени во своите постапки и одлуки, што прво се пазарат, а после удираат... Ме подсетуваат на мачорот од Шрек... со малите очиња кои ги шири пред да удри...
Тактиката им е повеќе пријатели, помалку непријатели, а сојузи само со силните!
Примери се
Освојување на Италија, заедно со Македонија,
Успевање да одржат стабилни односи со Хрватска, дури и придобивка од територии, Договор со Франција за поделба на Швајцарија
Убедување на Италија да не ги крева востанијата во словенечките територии, туку секаде на друго место...
Како го прави тоа???
Активна надворешна политика
Паметни сојузи
Подкуп
Изнајмување платеници
и еве нешто екстра... Финансирање на италијанските востанија кај нас!!