[МзЕ] Симулатор за фирми + нови суровини

Day 1,252, 07:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Почитувани МАКЕДОНЦИ. Оваа статија ќе биде едукативна и советодавна. Наидовме на еден симулатор за фирми кој сакаме да ви го презентираме. Овој симулатор некому ќе му ја олесни работата со пресметките, а некому ќе му ја објасни. Ако се сеќавате во минатото, а и денес имаме ситуации каде некои менаџери работат со загуба. Се надеваме дека после оваа наша асистенција нема да имаме слични ситуации.

Симулаторот можете да го најдете на оваа веб страна.



На првата слика ви е покажана почетната страна на симулаторот. Секоја опција е одбележана со различна боја.

- со црвено е означена државата во која се наоѓате и овде треба да изберете Македонија
- до зеленото квадратче го избирате нивото на вашата фирма
- до жолтото квадратче избирате тип на продукт (храна, оружје, жито...)
- до розовото квадратче имате можност да чекирате симулаторот да ви одбере тип на работници кои се најпрофитабилни
- до синото квадратче се избира со колку здравје ви работат вработените
- до црното квадратче треба да чекирате доколку симулирате за продукт кој Македонија го поседува како ресурс на мапата

Потоа притискате на копчето “Simulate” кое е подвлечено со бело. Со овој клик се префрлуваме на втората слика.



Оваа слика е со повеќе детали и истата е поделена вертикално на лев и десен дел. На левата половина на горната страна имате детали за виртуелната компанијата (што произведува, во која држава е и сл.). Под ова го имате делот кој се однесува на работниците.
Ќе разгледуваме вертикално од лево кон десно.

1.Првата колона name е името на работникот каде за сите ќе пишува дека се виртуелни работници.

2. Втората колона е Skill (вештина). Во оваа колона рачно внесуваме кое ниво е работникот (master, guru…)

3.Третата колона е Wellness. Овде автоматски се внесува здравјето со кое работи работникот, а го одбравме на почетокот на симулацијата. Исто така и овде можеме рачно да изменуваме за секој поединечно.

4.Во колоната Booster за почеток е изберен основниот засилувач (бустер). И ова можете да го измените за секој поединечно.

5.Во колоната Units Produced е наведен бројот на произведени единици за секој работник.

6. Во шестата колона Salary е платата која ја добива работникот. Овде треба да внесете колкава плата зема работникот.

7.Колоната Profit ви пресметува за секој вработен поединечно колку профит или загуба остварува. За ова да биде точно треба да ја внесете пазарната цена на продуктот (до ова ќе стигнеме подоцна).

8. Во осмата колона можете да чекирате за секој вработен доколку работи со помош (referrer).

9.Последната колона ви овозможува да отстраните вработен во симулацијата.
Најдолу го имате копчето Add new worker и со него можете да додадете вработен.

На десната половина од сликата имаме четири дела кои ќе ги разгледуваме од горе надолу.

На врвот е вредноста на валутата која сама се внесува од играта но можете и рачно. Подолу можете да ја чекирате или не опцијата за 25% бонус. Ова го избирате во зависност од тоа дали Македонија го поседува тој ресурс.

Во делот Daily revenue најпрво ви покажува според претходно внесените податоци за вработените колку вкупно производи ќе произведете. Потоа под него треба да ја внесете цената на еден продукт без данок (ова не враќа на точка 7 од претходниот дел ). Подолу е прикажана цената со данок и под тоа вкупната вредност на производите произведени за еден ден.

Под ова е делот Daily cost. Овде ваша работа е да ја внесете само цената на суровината (доколку симулирате за фирма која користи суровина). Во другите полиња ви е прикажано колку суровина искористувате, вкупна цена на суровината, колку вкупно плата треба да дадете, колку чинат бустерите и на крај вкупниот дневен трошок.

Под ова е делот Profit. Овде ви е пресметана конечната ваша заработувачка или загуба во денари и во злато и овде лесно ќе го видите крајниот резултат на вашата фирма.

Под ова се наоѓа копчето Recalculate кое го користите секогаш кога сте направиле некакви промени во внесените податоци.


Ова детално објаснување е наменето за оние кои не се толку навлезени во играта како и за оние кои имаат помали познавања од англискиот јазик. Се надеваме дека бевме од помош и дека овој симулатор ќе ви користи. Очекуваме после ова да немаме повеќе неразумни бизниси.

Околу советодавниот дел сакаме да ве потсетиме дека наскоро во игра влегуваат новите фирми за ресурси. Како и секоја голема промена и оваа ќе има големо влијание врз нашата економија. Апелираме да не избрзувате со мигрирање на компаниите бидејќи истото ќе биде дозволено само еднаш. Досегашните суровини и натаму ќе бидат најбарани, а побарувачката на новите ќе се намалува пропорционално со нивото на фирмите што ќе ги користат.




Затоа советуваме да не се залетувате по новите суровини иако на почеток цените на нивните продукти може да бидат доста високи. Ова го велиме затоа што многу од сопствениците на компании од повисоко ниво и самите ќе основаат вакви фирми за задоволување на сопствените побарувања.


Со почит,
Министерство за Економија
Министер: lazarosaMKD
Заменици: Grand Admiral Kristijan; mymedmind