ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ: ТУТОРИЈАЛ #1 [МзИ]

Day 2,746, 17:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите нови играчи.

Добредојдовте!

Во овој прв туторијал ке дадеме објаснување за почетната страна на еРепублик.



(За зум, отворете ја сликата во нов прозорец)

1. Основни информации

1.1 Вашиот аватар.
1.2 Сандачето со пораки.
1.3 Известувања.
1.4 Статистика за неделен предизвик.
Подолу имате слика како тоа изгледа:



Тука исто така можете да најдете статистики за тоа кој, кога и колку испукал. Првите тројца добиваат декорации на нивните профили.

1.5 Вашиот ник.
1.6 Вашиот левел и напредокот со следниот.
1.7 Копче за надополнување на енергија.
1.8 Преостанато време за кое ке можете повторно да надополите енергија.
1.9 Вашата сметка составена од голд и пари.



2. ФБ копче за лајк на ереп ФБ страната, ереп денот, датата и ереп времето, како и копчето за пребарување на државјаннин и копчето за одјава.


3. Во делот со точка број 3 можете да забележете повеќе работи како:

3.1 Home page.
3.2 Мои места – каде можете да работите во фирмите, тренирате и слично
3.3 Војни – тука ќе ги најдете сите тековни и активни битки.
3.4 Пазар – покрај основниот пазар за производи тука е и пазарот на труд, монетарниот пазар и пазарот за фирми.
3.5 Заедница – тука можете да најдете повеќе работи како на пр. Инфо за сопствената држава, партијата, воената единица, весникот, форумот, картата на е-светот, сојузите, рангирањата.
3.6 Gold и додатоци – Ова е место кое админите најмногу го сакаат. Преку ова копче можете да купите голд вложувајќи реални пари што НЕ е препорачливо.

3.7 Неделниот предизвик кој админите секој вторник го ресетираат и пуштаат нов предизвик преку кој играчите добиваат награди за нивното учество во борбите.

Исто тука се наоѓаат и промоциите кои ги даваат админите најчесто тоа се промоции за надоградување на фирмите и промоции за купување повеќе голд и поефтини чоколади.

4. Дневните задачи – работејќи и тренирајќи добивате бонус сила и бонус искуствени поени.


5. Воени кампањи – воените кампањи во кои е вклучена одредена држава и се со топ приоритет. Доколку нема поставено воена кампања која може да се постави единствено од претседателот на таа држава ќе ги содржи сите битки во кои е вклучена државата.


6. Објави – Во овој дел можете да објавувате и да читате постови од вашите пријатели што дополнително ќе ви ја зголеми комуникацијата.

6.1 Објави од пријателите
6.2 Објави од воената единица во која се наоѓате
6.3 Објави од политичката партија во која сте се приклучиле



7. Мапа на еСветот




8. Платата на Плато
(пакети кои ги нуди да ги купите ама за вистински пари, не виртуелни)


9. Најважни вести – Овој дел е доста корисен за комуникација меѓу играчите особено важен за комуникација меѓу владата со играчите. За и вие да се најдете на таа листа од топ 5 статии ќе ви биде потребен весник и статија па доколку собере одреден број на гласови ќе се најде во топ 5.

9.1 Топ 5 статии во земјата чие државјанство поседуваш.
9.2 Топ 5 статии во земјата каде се наоѓаш моментално.





Напомена:

За сите точки кои се наведени погоре ке има подетална статија со поопширни објаснувања.

Доколку нешто е испуштено ќе ве замолиме да не контактирате за да се надополни испуштеното.


ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПРОЧИТАТЕ:
[МзИ] КАКО ДА СМЕНИТЕ ВОЕНА ЕДИНИЦА
[МзИ] МОИТЕ КОМПАНИИ И ТРЕНИНГ ЦЕНТРИ
[МзИ] Информации за БАЗУКИТЕ

ВАЖНО: ЗАБРАНЕТО Е КОРИСТЕЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ПРОФИЛ ВО ИГРАВА, АКО ИГРАТЕ ПОВЕЌЕ ПРОФИЛИ ЌЕ ВЕ БАНИРААТ !!!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Линкови до останатите туторијали:
| Туторијал 2 | Туторијал 3 | Туторијал 4 |

Кампања "Цицка за сите еБебиња"
Проект подржан од владата на еМакедонија
😃

Госпоѓица Министерка Алисс
со Господин Министер акцонел 😃