[OeM] Анти-ПТО, партиски избори

Day 2,186, 06:48 Published in North Macedonia North Macedonia by King Bojangles

Здраво еМакедонци,

Нема да ја должиме многу, па ќе преминеме на главното. Како што повеќето знаете, во тек е уште еден од низата очајни обиди за превземање на ОеМ од стрнаа на одредени групации од надвор, кои со префрлање во нашата партија и гласање за нивниот кандидат, ќе се обидат да извршат нејзино политичко превземање (ПТО).
Сето тоа е прикриено под некаква лажна добронамерност, што е толку провидна, познавајќи ги ставовите (поточно омаловажувањата и навредите) на повеќето од оваа група играчи, кон членовите на Обединета еМакедонија.

Доколку случајно дојде до тоа, бидејќи нивните намери ни се повеќе од јасни на сите нас, би значело крај на партијата каква што ја знаеме. Веројатно би дошло до: пуштање несериозни кандидати за ЦП и конгресмени, преименување на партијата, упатување членови во други партии, немање поделби итн.

Без разлика кој е на власт, ОеМ секогаш била конструктивна партија која ги става интересите на еМакедонија пред се’ и никогаш не сме се занимавале со вакви или слични работи. Дали треба сите да се спуштиме на тоа ниво ? Да се биде толку заслепен од омраза спрема свои браќа еМакедонци, да се вложува толку енергија и труд само за да му умре козата на комшијата, наместо во нешто продуктивно и од корист за еМакедонија. Мора да се запрашаме што не е во ред со нас. Дали навистина само Плато е кривецот за слабеењето на нашата еЗаедница ?

Затоа, ве повикуваме сите вас, кои не поднесувате неправди и присвојувања на туѓи работи, заедно да и' кажеме стоп на ваквата багра која се обидува да ги растера и онака малкуте еМакедонци што останавме на играва.

На 15-ти ноември (петок), гласаме за --- BojanglesBt --- за претседател на Обединета еМакедонија !

Оние од вас што не се членови на ОеМ, а во вашата партија нема ваква ситуација и сакате да помогнете, можете да се префрлите кај нас само да гласате и да се вратите повторно назад во вашата партија.

Линк до партијата:
http://www.erepublik.com/en/party/obedineta-emakedonija-3561/1

Ви благодариме за поддршката,
Обединета еМакедонија