Интервју со Bojan aKa T-MaC – Demons

Day 1,592, 09:59 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Денес гостин ни е Bojan aKa T-MaC лидерот на единицата која направи огномет за еМакедонија Demons

Со која идеа е основана единицата и кој се нејзините кератори ?
Bojan aKa T-MaC :Единицата официално почнува со регрутации на 1 март пред една година, а основана е 1 недеa претходно од тројца членови Troj4e , M@D M@X i Alen_001 и идејата искрено не можам да ја кажам поради тоа што не сум основач ама пред се е создадена за дружење.

Зошто името Demons и што значи додавката Red Squad ?
Bojan aKa T-MaC :Кога се основаше имаше повеќе предлози за имиња ама го изгласавме Demons 🙂. Red Squad е додавка на почетокот во една MU можеше да има 50 членови па имавме 2 MU па едната им дадовме додавки Blue Squad и Red Squad со цел сите членови да се во MU единица. Моментно за бришење на наставката треба на плато да му дадеме 2 голд па за тоа така остана додавката Red Squad оскудација е 😃

Што треба да се исполнува за да се биде дел од Demons ?
Bojan aKa T-MaC :За во демонс може да влезе апсолутно секој кој е заразен со играва. Од кога ќе влезе задолжително е носење на аватар и чување на зимницата и учество на ударите од државата за да си го заслужат refund-от 🙂. Во ова прашање може да ги повикам сите што сакат да се прикулучат дека се добредојдени и нема да работат за минималец во фирми а ќе зимаат солиден рефунд.

Пред неколку дена направивте нешто што ретко се гледа на играва, повеќето членови на Demons сихронизирано маваа, јасно е дека по вас ќе има многу единици кои ќе се обидат да направат поголем подвиг но од големо значење е тоа што во време кога секојдневно се откажуваат играчи,
а нови доѓаат се помалку сепак потребна е поголема кординација меѓу членовите ќе можеш да ми кажеш повеќе околу тоа(инфо тука) ?

Bojan aKa T-MaC :Точно е дека до сега немало такво нешто од кога сум ја во играта една единица ја брани својата држава апсолутно во секоја мини битка од кампањата. Искрено од 1 јануар кога не бришеа речиси на 5 дена решивме дека е залудно трошењето на бомбони и базуки и почнавме да ги собираме првиот повод ни беше на 1 март да ги трошиме за 1 година од формирањето од единицата но тогаш немаше битка . Првата битка што ја планиравме со сегашниот претседател беше бразил но бразил не се покажа како добар противник па решивме да ги почастиме нашите соседи 🙂. За тоа дека по нас ќе има тоа е супер “РАКАВИЦАТА Е ФЛЕНА “го чекаме одговорот од останатите единици. Драго ми е што сме приви и ќе служиме за пример за другите единици. И уште подраго ќе ми биде ако ги освестивме играчите дека BH медалот испукан на безвезална битка не значи ништо тука сме сите за да ја подржиме еМакедонија ја испукав 9 166 400 inf. и не земав ни еден BH медал ама баш во тој момент не ни помислив на бх медалите најискрено само гледав да се добие битката за тоа апел до сите еМакедонци да не забораваат “На играва сме дојдени сите за да и помагаме на еМакедонија па и така треба да се понашаме”

Од вашите редови имавте претседател, па кај до сте со политиката во вашата единица и дали сте како единица дел од некоја партија ?
Bojan aKa T-MaC :Да потенцирам не сме дел од ниедна партија секој член од демонс е оставен да си размислува сам во која партија сака да биде ако воопште му треба партија. Точно имавме претседател идеата беше на еден собир во real life дај да се пробаме во политиката да имаме претседател и да ви кажам еднаш во политика и веќе никогаш. Искрено бара екстра многу реално време да одвоиш пошто обврска е кога знаеш дека 10 000 играчи чекаат на тебе. 2 работа е тоа што никој не го цени тоа што дремиш како мисир во тој период по 10+ часови и ќе дојдат на еден пост ќе те исплукаат. Ако некој играч од нашите редови има желба да се проба па за претседател се разбира дека ќе го подржиме ама во моментов нема толку храбар 😃

Ова прашање веќе стана стандард, што те задржува да ја играш играва ?
Bojan aKa T-MaC :Екипата на чет и слободното време што го имама. Најискрено не знам дали ќе се откажам некогаш белким секој ден мислам дека ќе транирам и пукам 😃

Доколку имаш можност што би променил на играва ?
Bojan aKa T-MaC :2 работи би променил 1ва Да воведат во самата игра чет со самото тоа играчите би биле по информирани за настаните и повеќе ќе се задржуваат на играта ќе има поголемо дружење. 2ра работа одма би го укинал купувањето на злато за Плато да види што значи сиромаштија 😃.

Кажи ни повеќе за Bojan aKa T-MaC ?
Bojan aKa T-MaC :Бојан има 26 години од велес пред 3 години дипломиран економист и моментно бара работа ама пошто нема книшка тешко дека ќе ја најде 🙂
Т-МaC – е мојот гејмерски ник. Претежно играв мултиплеер игри но не од овој тип долги 5/6 години бев пациент на Call off duty 2 и бев во ист тим со Босанци Срби и хрвати и тимот ни се викаше “ ex YU “ настапувавме на официални online натпревари и штета што не можев да настапам на Lan натпревари се одржуваа во загреб а финсите се огроми иначе мојт тим настапуваше на тие.Многу ми е жал кога дојдов на оваа игра ме изненади колку многу омраза има внесено меѓу Македонците со Босанци и Хравати дури сум запрепастен пошто дневно со дечките бевме по 10 саата на слушалки и се дружевме пукавме битки и наеднаш гледаш хрват да те вреѓа каде што највеќе те боли, но самата игра го дозволуваа тоа да внесе омраза за повеќе пари да лапа Плато.


Музика и Филм ?
Bojan aKa T-MaC :Од музика слушам апсолутно се што ќе ми се пушти иначе немам некоја навика да седам пред ком и стрикно да слушам музика. ОД филм Долина на волците 😃

Хоби ?
Bojan aKa T-MaC :До пред 1 месец главно хоби ми беше бркање на востанија 🙂 ама тоа хоби ни го скрати Плато така да во моментов сум на баскет и на пинг понг.

Што ќе им порачаш на читателите ?
Bojan aKa T-MaC :До сите еМакедонци ќе им препорачам да не наседнуваат на провокациите и да возврајќаат на нив знаме што сме а и тие знаат за тоа ги боли и сакајте си ја Македонија и еМакедонија.

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Bojan aKa T-MaC – Demons
http://www.erepublik.com/en/article/-bojan-aka-t-mac-demons--1997820/1/20

Интервју со Demons
http://www.erepublik.com/en/article/-bojan-aka-t-mac-demons--1997820/1/20

Интервју за успехот на Demons
http://www.erepublik.com/en/article/-bojan-aka-t-mac-demons--1997820/1/20